Активности



Четврток, 3 декември 2009 година, Париз

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија на 57. пленарна сесија на Европското собрание за безбедност и одбрана

На Педесет и седмата пленарна сесија на Европското собрание за безбедност и одбрана, Собрание на Западноевропската унија (СЗЕУ), што се одржува од 1 до 3 декември 2009 година во Париз, Франција, учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Александар Николоски, шеф на делегацијата во СЗЕУ, г. Џеват Адеми и г. Јован Манасијевски, членови на делегацијата.

На сесијата се разгледуваат прашања поврзани со европската безбедносна и одбранбена политика, јавното мислење во врска со безбедноста и проширувањето на ЕУ, предлогот за нова безбедносна архитектура за Европа, соработката на ЕУ со мировните операции на Обединетите нации, моделите и структурите на меѓупарламентарна соработка, тековните настани на полето на нуклеарната непролиферација и разоружувањето, состојбата во Авганистан и на Блискиот Исток и слично.

На пленарната сесија на членовите на СЗЕУ им се обратија: г. Теодорос Пангалос, заменик-премиер на Грција, претставник на грчкото претседателство со ЗЕУ, г. Хакан Јеврел, државен секретар за одбрана на Шведска, претставник на шведското претседателство со ЕУ, г. Карлос Фернандез Ариас Минуеса, постојан претставник на Шпанија во Советот на ЗЕУ/Политички и безбедносен комитет на ЕУ, претставник на претстојното шпанско претседателство со ЕУ и ЗЕУ, г. Јоран Ленмаркер, претседател на Комисијата за надворешни работи на Шведскиот парламент и претседавач со Конференцијата на претседатели на комисии за надворешни работи и г. Владимир Чижов, амбасадор на Руската Федерација во Европската унија.

Click