Активности

Четврток, 12 ноември 2009 година
 
Панел дискусија „Преглед на Собранието на Република Македонија“


Во организација на Комисијата за демократско партнерство на Конгресот на САД и Собранието на Република Македонија, а во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) и со поддршка на УСАИД во Република Македонија се одржува неколкудневен работен семинар за стручна служба, членови на стручната служба на избрани комисии од Парламентот на Грузија, Собранието на Република Косово, Великото државно собрание на Монголија. 

Ова е прв семинар за стручната служба во организација на Комисијата за демократско партнерство на Конгресот на САД што се одвива надвор од Соединетите Американски Држави, а како коорганизатор се јавува парламент на земја-партнер.

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа панел дискусија на тема „Преглед на Собранието на Република Македонија“.

Панелисти беа г-ѓа Силвана Бонева, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, г. Тахир Хани, координатор на пратеничката група на ДУИ, г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, СДСМ, г-ѓа Радмила Шекеринска-Јанковска, претседател на Националниот совет за европска интеграција, СДСМ и г. Марјан Маџовски, шеф на кабинет на претседателот на Собранието на Република Македонија, а модератор беше г. Крис Хеншоу, виш национален директор на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Македонија.

Учесниците на семинарот од парламентот на Грузија, од парламентот на  Монголија, од Конгресот на САД и од собранието на Република Косово се интересираа за работата на Собранието на Република Македонија и до панелистите поставија многубројни прашања.

Меѓу другото се зборуваше за улогата на Националниот совет за евроинтеграција во евроинтегративните процеси на Република Македонија, потоа за очекувањата од Парламентарниот институт, кој е во процедура на формирање во Собранието на Република Македонија, за е-парламентот на Собранието на Република Македонија, кој од Глобалниот центар за примена на ИКТ решенија во парламенти и ИПУ (Интерпарламентарна унија) беше селектиран како еден од најуспешните примери во светот и за буџетот на Собранието на Република Македонија.



Click