Активности

Понеделник, 23 ноември 2009 година, Стразбур

Пленарна сесија на Европскиот парламент

Од 23 до 26 ноември, членовите на Европскиот парламент ќе одржат пленарна сесија во Стразбур, на која, меѓу другото, ќе расправаат и за стратегијата за проширување на Европската унија, посебно за Западен Балкан, Турција и Исланд.

Меѓу поважните теми од дневниот ред ќе се најде и глобалното затоплување во пресрет на декемвриската конференција за климата во Копенхаген, како и подготовката на Лисабонскиот договор, кој треба да влезе во сила на 1 декември.

Европратениците исто така ќе треба да донесат конечна одлука за преуредување на телекомуникацискиот пазар во Европа, што ќе влијае врз интернет корисниците.

Други точки за кои ќе стане збор на пленарната сесија оваа седмица, се и зоните за слободно пушење во земјите-членки на Унијата, домашното насилство, правата на граѓаните, граѓанските слободи и борба со прекуграничниот криминал, тероризмот и нелегалната имиграција.
Click