Активности



Понеделник, 11 мај 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледана Предлог Националната програма за усвојување на правото на Европската унија

Комисија за европски прашања ја разгледа Предлог Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, која претставува концептуален и сеопфатен документ со кој се обезбедуваат јасни насоки за организација, координација и следење на активностите во процесот на приближување на националното законодавство кон правото на Европската унија.

Комисијата предлага оваа програма годишно да се ажурира и надоградува во согласност со промените во европското и македонското законодавство, како и со прогресивното вклучување на делот на имплементацијата изразен со конкретни податоци за ангажирање на финансиските ресурси, јакнење на институциите и со податоци за потреба од техничка помош.

 На седницата беше истакната неопходноста за одржување на континуитетот и интензивирање на евроинтеграцискиот процес со што ќе се постигне целта Република Македонија целосно да биде подготвена за членство во Европската унија.

 Комисијата за европски прашања укажа на потребата Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, заедно со четирите прилози да им бидат достапни на пратениците на Собранието на Република Македонија заради навремено информирање во врска со програмираното усогласување на македонското со ЕУ законодавство.

Click