Понеделник, 16.03.2009 година, Скопје
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во дводневна официјална посета на Република Србија

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Иван Стоилковиќ, Владанка Авировиќ и Ристо Пенов денес замина во дводневна официјална посета на Република Србија, по покана на претседателката на Народната скупштина на Република Србија г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ.
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски ќе оствари средба и со претседателот на Република Србија г. Борис Тадиќ, а ќе се сретне и со претседателот на Владата на Република Србија г. Мирко Цветковиќ.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и нашата делегација ќе се сретнат и со здруженијата на Македонците кои живеат во Србија, а исто така ќе го посетат Нови Сад каде што ќе имаат разговори со претседателот на Народната скупштина на Автономната Покраина Војводина Шандор Егереши.