Активности



Петок, 15 мај 2009,  Комисија за локална самоуправа

Разгледан Предлогот на законот за меѓуопштинска соработка

Комисијата за локална самоуправа на Првата седницата како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за меѓуопштинска соработка.

Овој Предлог на закон има основ во Законот за локална самоуправа, каде е предвидена можност за меѓуопштинска соработка меѓу единиците на локална самоуправа, кои воедно ја поддржуваат потребата од негово донесување.

Со него ќе се обезбеди поефикасно извршување на услугите од страна на општините и развивање на меѓуопштинската соработка со цел поекономично вршење на надлежностите од страна на општините. 

Исто така, цел на донесувањето на овој закон е попрецизно уредување на постапката за воспоставување на меѓуопштинска соработка, како и обезбедување на поцврста правна основа врз која општините би можеле да остваруваат одржлива соработка во вршењето на своите надлежности.

Комисијата го поддржа Предлог законот, посебно поради тоа што истиот е во согласност со Националната програма за усогласување на законодавството на Република Македонија и Европската повелба за локална самоуправа потпишана од страна на Република Македонија и дава правна рамка, можност и насоки на доброволна и самостојна соработка на општините.

Со Националната програма за усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската унија е предвидено донесување на овој закон најдоцна до крајот на мај оваа година. 

Комисијата со 7 гласа „за”, 2 „против” и 1 „воздржан” заклучи дека Предлогот на законот за меѓуопштинса соработка е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click