Активности



Вторник, 24 ноември 2009 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Разгледан Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Дваесеттата седница одржана  на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година.

На седницата во својство на преставници на Владата на Република Македонија присуствуваа г.Недим Рамизи, заменик-министер за финансии и Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата, г.Перица Ивановски, образложувајќи го Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година, истакна дека истиот е проектиран согласно потребите за реализирање на претстојните програми и проекти во оваа сфера.

Тој укажа дека Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година во сферата на земјоделството е развоен и е со цел да се достигнат стандардите во сферата во земјоделството, шумарството и водостопанството на Република Македонија со стандардите со Европската унија.

Заменикот на министерот за финансии, г.Недим Рамизи, образложувајќи го Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година, посебно ги коментираше предвидените средства со Буџетот по области наменети за зголемување на производството во Република Македонија. 

Тој посебно ги нагласи определбите на Владата да се издвојат средства за стимулирање на земјоделското производство со цел да ги задоволи потребите на Република Македонија.

Со своја дискусија по Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година, учествуваа пратениците Никола Ќуркчиев, Панче Дамевски, Васко Шутаров, Јован Гинев, Миле Андонов, Марјанчо Николов и Цветан Трипуновски.

Комисијата го поддржа донесување на Предлог-Буџетот за 2010 година.

Click