Активности



Среда, 20 мај 2009 година

Република Чешка е докажан и традиционален пријател на Република Македонија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Чешка, г. Марјанчо Николов заедно со членовите денеска се сретна со г. Пржемисл Соботка, претседател на Сенатот на Парламентот на Република Чешка, кој со делегација е во официјална посета на Република Македонија.

На средбата се разговараше за соработката помеѓу двата парламента, за уште поголема интензивираност на средбите помеѓу двата парламента, при што се дојде до заклучок дека личните средби и разговори се многу битни и дека од нив треба да произлезе процес на работа со резултати.

Се разговараше за Парламентарниот институт кој постои во чешкиот парламент и за еговата улога, кој дава голема поддршка при работата на парламентот, подготвувајќи податоци за парламентарците. Парламентарниот институт поседува голема библиотека и е место за консултации.

Република Чешка како докажан и традиционален пријател на Република Македонија ја поддржува Македонија во нејзините евроатлантски интеграции.

Click