Активности

Петок, 6 ноември 2009 година, Њу Делхи

Самит ЕУ - Индија

На Самитот меѓу Европската унија и Индија во Њу Делхи, во чиј фокус беа климатските промени, индискиот премиер Манмохан Сингх беше домаќин на премиерот на Шведска и претседавач со Европската унија, Фредрик Рејнфелд, како и на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

На средбата на врвот беше поддржан ставот на научниците дека не смее да се дозволи зголемување на глобалната температура за повеќе од два степени во однос на прединдустриските нивоа.

Беа презентирани двата кредити од Европската инвестициона банка, едниот од 150 милиони евра за поддршка на проекти за ублажување на последиците од климатските промени, а другиот во вредност од 100 милиони евра за делумно финансирање на нова фабрика за автомобили во државата Махараштра, која ќе произведува три мали модели на автомобили, специјално адаптирани за индискиот пазар, кои ќе испуштаат помалку стаклени гасови.

ЕУ и Индија ќе инвестираат 10 милиони евра за научни истражувања во технологијата на сончевата енергија, а потпишаа и заеднички договор за научни истражувања во областа на нуклеарната енергија.

„Врската меѓу ЕУ и Индија е силна и изградена врз основа на заеднички вредности, како што се демократијата и различностите“, изјави претседавачот со ЕУ, нагласувајќи дека оваа врска има потенцијал да стане уште посилна.




Click