Активности

Понеделник, 30 ноември 2009 година

Самит ЕУ - Кина

Денеска во Нанкинг ќе се одржи 12. средба на врвот меѓу Европската унија и Кина, на која кинескиот премиер, г. Вен Џиабао, ќе биде домаќин на премиерот на Шведска и претседавач со Унијата, г.Фредрик Рејнфелд и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо.  

Во фокусот на средбата ќе биде глобалното затоплување, на само една седмица пред Конференцијата за климата, која ќе се одржи во Копенхаген, во организација на ОН.

Други приоритетни теми на кои ќе разговараат претставниците на Европската унија и Кина, ќе бидат светската економска криза и Лисабонскиот договор, кој утре стапува на сила.

Односите меѓу ЕУ и Кина се основани во 1975 година и се уредени со Договорот за трговија и соработка од 1985 година. Денеска Кина е вториот по големина трговски партнер на ЕУ, додека најголемиот партнер на Кина е токму Европскта унија.
Click