Активности



Вторник, 15 декември 2009 година

Шеста седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците на 11 декември 2009 година ја одржа Шестата седница со дневен ред:

  • Разгледување на прашањето за извршување на одредбата на членот 55 од Законот за локална самоуправа во врска со формирањето на комисии за односи меѓу заедниците во општините на подрачјето на Градот Скопје и на територијата на Република Македонија, во кои најмалку 20% од вкупниот број на жители на општината, утврден на последниот извршен попис на населението, се припадници на одредена заедница, но и во други општини на теритотијата на Република Македонија што не се обврзани со одредбите на овој член, а формирале комисии за односи меѓу заедниците;
  • Одлучување во врска со спорот за спроведување на постапка за гласање по Дополнетиот предлог на закон за основање на Македонска академска истражувчка мрежа (второ читање).

На седницата, освен претседателот и членовите на Комитетот, беа присутни претставник на ЗЕЛС и претседателите на комисиите на општините:  Кичево, Бутел, Нов Дојран, Лозово, Чашка, Зелениково, Јегуновце, а на седницата исто така присуствуваа и потпретседателот на Собранието, г. Рафис Алити, претседателот на Комисијата за локална самоуправа, г-ѓа Ермира Мехмети Деваја и повереник на Министерстото за локална самоуправа.

Втората точка од дневниот ред не беше разгледана, поради тоа што не беше исполнет условот утврден во членот 8 став 5 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, согласно кој Комитетот работи ако на него присуствуваат две третини од вкупниот број на членови.

      

Click