Активности



Четврток, 05.03.2009

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули го прими вонредниот и ополномошен амбасадор на Кралството Мароко за Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Азиза Лимаме

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули го прими во протоколарна посета вонредниот и ополномошен амбасадор на Кралството Мароко за Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Азиза Лимаме.

Во кратката средба потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули го запозна амбасадорот со работата на Собранието на Република Македонија и изрази надеж за поголема соработка помеѓу двата парламента, на ниво на пратенички групи за соработка.
Република Македонија и Кралството Мароко имаат пријателски односи и залагањето на двете земји е тие да се продлабочат и на политички и на културен план.


Click