Активности



Понеделник, 7 декември 2009 година

Советот на ЕУ одлучува за добивање датум за преговори за членство на Македонија во Унијата

Советот на Европската унија на дводневен самит во Брисел, денеска и утре треба да одлучи дали Република Македонија ќе добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, што беше препорачано од Европската комисија и Европскиот парламент.

Повеќето од земјите-членки на Унијата ѝ даваат поддршка на нашата земја, но добивањето датум за старт на преговорите е ставено под прашање поради спорот со името со Република Грција.

Не е исклучено, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ конечната одлука да ја остават за претстојниот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ на 10 и 11 декември. 

Европскиот парламент на 26 ноември годинава со мнозинство гласови ја изгласа Предлог-резолуцијата за проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан, Исланд и Турција и му препорача на Советот да ја потврди препораката.

Доколку Република Македонија не добие датум за преговори неделава, процесот ќе се одложи за најмалку три месеци, за март 2010 година, кога се подготвува неформален состанок за Западен Балкан, во време кога со ЕУ ќе претседава Шпанија, која на почетокот од новата година ќе го преземе ротационото претседателство од Шведска.

Click