Активности



Четврток, 12 ноември 2009 година

Средба на претседателката на Законодавно-правната комисија, г-ѓа Благородна Дулиќ со вицепремиерот за законодавство и министер за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова

Претседателката на Законодавно-правната комисија, г-ѓа Благородна Дулиќ и членовите на Комисијата денеска остварија средба со вицепремиерот за законодавство и министер за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова.

На  средбата, делегацијата на Словачката Република, предводена од вицепремиерот за законодавство и министерот за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова, беше запозната со работата на Собранието на Република Македонија, при што беше истакнато дека пратениците работат во дваесет и една комисија, кои се постојани тела на собранието.

Делегацијата беше запозната дека во Собранието на Република Македонија во тек се подготовки за формирање на Парламентарен институт, со кој се очекува зголемување и зајакнување на капацитетите на истражувањето и аналитиката во парламентарното работење.

Исто така, на средбата беше истакната поддршката која Словачката Република ѝ ја дава на Република Македонија на нејзиниот пат кон евроинтеграциите, која и во иднина ќе продолжи.

 

Click