Активности



Вторник, 5 мај 2009 година

Средба на г. Оливер Шамбевски, шеф на Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со г. Влоѓимеж Цимошевич, сенатор на Република Полска

Шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со членовите имаше средба со г. Влоѓимеж Цимошевич, сенатор на Република Полска, кој е кандидат на полската влада за позицијата генерален секретар на Советот на Европа.

На средбата пред домаќините, г. Влоѓимеж Цимошевич ја образложи својата политичка платформа, по што се разви плодна дискусија од страна на шефот и на членовите на Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

 

 


Click