Активности



Среда, 20 мај 2009 година

Средба на г-ѓа Теута Арифи и г. Петар Поп-Арсов со г. Пржемисл Соботка

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Теута Арифи и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп-Арсов со членовите денеска остварија средба со г. Пржемисл Соботка, претседател на Сенатот на Парламентот на Република Чешка, кој со делегација е во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

На средбата гостинот беше запознат со работата на комисиите и нивната улога во парламентарната дипломатија. Комисиите ја користат секоја можност за лобирање за добивање датум за преговори за членство во Европската унија и за добивање визна либерализација која е неопходна за Република Македонија.

Културната соработка помеѓу двете држави е на ниво, и во овој период во Република Чешка се одржуваат Македонски денови на културата.

На средбата се разговараше и за Комисијата за заштита на приватноста, која во чешкиот парламент е формирана во 2006 година, и е многу битна, затоа што Дирекцијата за заштита на лични податоци нема законодавна сила, па преку комисијата го бара патот за успешна работа.

Гостите ја потенцираа својата отвореност за соработка помеѓу комисиите за надворешна политика и за европски прашања, укажаа на верба во парламентарната комуникација и критицизмот кој е потребен на двете страни.

Click