Активности



 Четврток, 14 мај 2009 година

Средба на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, со г. Торбјорн Јагланд, претседател на Парламентот на Кралството Норвешка

Претседателот на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, г. Игор Иванов и членовите г-ѓа Дарка Петрушевска, г. Дарко Димитриески и г-ѓа Садије Илјази денеска имаа средба со претседателот на Парламентот на Кралството Норвешка, г. Торбјорн Јагланд.

На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу двете држави, кои се на високо ниво, при што се истакна дека Кралството Норвешка на Република Македонија во континуитет и дава принципиелна поддршка за стратешкиот приоритет на државата за членство во НАТО и во Европска унија. Исто така, од името на македонскиот народ и од свои име, членовите на пратеничката група му се заблагодарија на Кралството Норвешка за конкретната поддршка на Република Македонија со донирање во телекомуникациите, потоа во медицината, како и за поддршка на останати проекти во текот на 2008 година.

Беше истакнато дека Собранието на Република Македонија е подготвено за поблиска парламентарна соработка помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, која е постоечка, но незадоволителна и парламентарците сакаат да ја интензивираат и продлабочат соработката со норвешките пратеници.

Click