Активности



Четврток, 14 мај 2009 година

Средба на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Совет на Европа со претседателот на Парламентот на Кралството Норвешка, г. Торбјорн Јагланд

Шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Совет на Европа, г. Оливер Шамбевски и членовите на делегацијата денеска имаа средба со претседателот на Парламентот на Кралството Норвешка, г. Торбјорн Јагланд, кој воедно е и кандидат за генерален секретар на Советот на Европа.

На средбата г. Торбјорн Јагланд ја претстави и образложи својата политичка платформа доколку биде избран на позицијата генерален секретар на Советот на Европа, при што обрна внимание на неколку сегменти: обезбедување на ефикасно функционирање на Судот за човекови права поради неговата клучна улога; сеопфтно преиспитување на активностите, структурите и работните методи на Советот на Европа во согласност со Акцискиот план од самитот во Варшава, со цел организацијата да стане поефикасна и порелевантна; интеракција и партнерство меѓу Парламентарното собрание и Комитетот на министри имајќи предвид дека Парламентарното собрание е важна движечка сила за промоција на вредностите на Советот на Европа и други.

На претседателот на Парламентот на Кралството Норвешка, г. Торбјорн Јагланд, шефот и членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Совет на Европа му посакаа успех во процесот на гласање и воедно обрнаа внимание дека Советот на Европа мора да ја зголеми својата ефикасност и да го зацврсти кредибилитетот.




Click