Активности



Понеделник, 16 ноември 2009 година

Работна средба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со директорот на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г.Влатко Ѓорчев, оствари работна средба со д-р Џон Роуз, директор на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, Гармиш-Партенкирхен, Германија.

На средбата присуствуваа и членовите на Комисијата: г-ѓа Оливера Трајановска, г.Талет Џафери, г.Горан Мисовски, г.Павле Трајанов, г.Цветан Трипуновски, г.Горан Минчев и г.Бесим Догани.

Учесниците на средбата истакнаа дека овие семинари се од исклучително значење и се одлична можност за размена на искуства и знаења за реформите во областа на одбраната. Беше порачано Република Македонија да продолжи понатаму со испорака на нови кадри со цел подобро да се разбере комплексноста на проблемите кои ги третираме.

Д-р Џон Роуз јавно се заблагодари за поканата, а воедно апелираше во иднина да се продолжи соработката за 200-300 луѓе кои би го посетиле Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ и би размениле идеи и решенија за борба против тероризмот и оружјето за масовно уништување. 
 


Click