Активности



Среда, 25 ноември 2009 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на државата Израел со амбасадорот Н.Е  г. Давид Коен

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на државата Израел, составена од г.Павле Трајанов, претседател на групата, г.Владо Стефановски и г-ѓа Лилјана Поповска, членови на групата, на 24 ноември 2009 година одржа средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Израел, Н.Е. г.Давид Коен.

На средбата, од македонската страна беше претставена актуелната политичка ситуација во земјата, споменувајќи го позитивниот Извештај за напредокот на земјата од Европската комисија и важноста од почеток на преговорите со ЕУ, како и подготвеноста на Република Македонија за надминување на проблемот со Грција. Исто така, амбасадорот беше запознаен со работата и составот на Собранието. 

Амбасадорот изрази подготвеност за интензивна соработка со Собранието на Република Македонија и покажа желба за средби со сите претседатели на политичките партии застапени во парламентот, со претседателите на собраниските комисии, како и со функционери од други институции. 

На крај, се изрази надеж за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во повеќе области, како што се: одбрана, земјоделство, наука и технологија, животна средина и туризам, а посебно интензивирање на соработката помеѓу двата парламента.
 

 

Click