Активности



Вторник, 12 мај 2009 година

Средба на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на организацијата за безбедност и соработка во Европа со Парламентарната делегација на ОБСЕ

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), г. Андреј Петров и членовите г. Владимир Ѓорчев и г. Хисен Џемаили денеска имаа средба со Парламентарната делегација на ОБСЕ, предводена од Жоа Соареш, претседател на Собранието на ОБСЕ.

Парламентарната делегација на ОБСЕ е во регионална посета, ги посетува мисиите на ОБСЕ во регионот и остварува средби со претседателите на собранијата и со делегациите во Парламентарното собрание на организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Од средбата произлезе предлог да се искористи Парламентарното собрание на ОБСЕ како платформа за отпочнување на дијалог меѓу пратениците на Република Грција и Република Македонија, на што беше одговорено дека македонската страна е подготвена за соработка и дека прифаќа секаква иницијатива што ќе придонесе за надминување на спорот со името.

Click