Активности

Вторник, 24 ноември 2009 година, Стразбур

Лобирање за добивање на датум за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија

Во рамките на работната посета на Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав: г. Петар Поп-Арсов, г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г-ѓа Флора Кадриу и г. Назиф Буши  на  Европскиот парламент во Стразбур, од 23 до 26 ноември, денес беа реализирани повеќе средби со европратеници од различни пратенички групи.

Целта на овие средби е лобирање за добивање на датум за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија.

Во тој контекст, Делегацијата оствари средби со европратениците: г. Кристијан Вигенин, г. Едуард Кукан, г-ѓа Тања Фајон, г. Алојз Петерле и г. Зоран Талер. На средбите заедничка беше констатацијата дека преговорите за спорот со името и преговорите за влез во Европската унија треба да се одвиваат на две паралелни патеки, односно да се користи словенечко-хрватскиот модел за решавање на проблемите.

На средбите, исто така, се разговараше за Нацрт-резолуцијата на Европскиот паралмент за Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд, за 2009 година, подготвена од страна на претседавачот со Комисијата за надворешна политика, г. Габриеле Албертини. При тоа се истакна дека треба да се задржи позитивната конотација на овој важен документ и да се поддржи препораката добиена од Европската комисија за добивање на датум за отпочнување на преговори за ЕУ членство.

Во текот на утрешниот ден пратениците ќе имаат одвоени средби и со европратениците: г. Оле Лудвигсон, г. Јоана Мирчеа Паску, г. Мартин Кастлер, г-ѓа Моника Маковеј и г. Кристијан Дан Преда.

Click