Активности



Среда, 25 ноември 2009 година, Стразбур

Делегација на Комисијата за европски прашања присуствуваше на Подготвителниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Денес делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија,  предводена од претседателот на комисијата, г. Петар Поп Арсов, во рамките на посетата на пленарната седница на Европскиот парламент од 23-26 ноември, во Стразбур, присуствуваше на  Подготвителниот состанок  на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, на кој свое обраќање имаше еврокомесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен.

Притоа, еврокомесарот г. Оли Рен, го истакна значајниот напредок, што го постигна Република Македонија во изминатиот период, при исполнувањето на одредниците и изрази надеж дека нашиот евроинтегративен процес ќе продолжи со решавање на спорот со името.

 Попладнево делегацијата ќе присуствува на пленарната седница на која ќе се  разгледува Нацрт-резолуцијата за стратегијата  на Европската комисија  за  земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд за 2009 година.

 

Click