Активности



Вторник, 31 март 2009 година

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на семинар на тема „Визно и гранично управување“ во Брисел

Во заедничка организација на Европскиот парламент, Директоратот за надворешна политика на Унијата и Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа, на 31 март и 1 април 2009 година во Брисел, Кралството Белгија, се одржува Семинар на тема "Визно и гранично управување". На семинарот се поканети да учествуваат пратеници од парламентите на земјите од Западен Балкан и евро-парламентарци.

На овој семинар од Собранието на Република Македонија ќе учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Александар Спасеновски, г-ѓа Роза Топузова-Каревска, г-ѓа Славица Грковска-Лошкова и г. Сафет Незири.
Семинарот е посветен на повеќе теми од областа на визната политика и ЕУ, Шенгенската спогодба и искуствата на земјите-членки на ЕУ со истата, стратегијата на Европската комисија во граничното управување и визната политика,  хармонизирањето на визната политика со европското законодавство, приоритетите на ЕВРОПОЛ и ЕВРОЈУСТ во Западен Балкан, како и приоритетите на Чешкото претседателство со Европската унија во оваа област.

Click