Активности

19.2.2009 година, Виена, Австрија
Учество на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ
 

 Пратениците г. Андреј Петров, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и г. Хисен Џемаили, член на Делегацијата, учествуваат на Осмата зимска сесија на ПС на ОБСЕ, што од 19 до 20 февруари 2009 година се одржува во Виена, Австрија. Во рамките на Зимската сесија, на која што учествуваат околу 270 пратеници од земјите-членки на ОБСЕ, ќе се одржат седници на трите комисии на Парламентарното собрание на ОБСЕ: Комисијата за политички прашања и безбедност, Комисијата за економски прашања, наука, технологија и човекова околина и Комисијата за  демократија, човекови права и хуманитарни прашања, како и седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјална дебата на тема: "Предлогот за нова европска безбедносна архитектура".

Предвидено е на членовите на Парламентарното собрание на ОБСЕ да им се обратат: г-ѓа Барбара Прамер, претседател на Австрискиот парламент, г. Жоао Соареш, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, г. Џон Танер, претседател на Парламентарното собрание на НАТО, г-ѓа Дора Бакојани, претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Грција, г. Марк Перин д' Бришамбо, генерален секретар на ОБСЕ и други.

Воведничари на специјалната дебата, што ќе се одржи на 20 февруари 2009 година ќе бидат: г. Александер Грушко, заменик-министер за надворешни работи на Руската Федерација, г-ѓа Вероник Бужон-Баре, заменик-директор за политички и безбедносни прашања во Министерството за надворешни работи на Франција и г. Жоао Соареш, претседател на ПС на ОБСЕ.

Click