Активности



Петок, 6 ноември 2009 година, Европски парламент, Брисел

Зоран Талер предложи да се усвои препораката на Европската комисија за Македонија
 
Во Европскиот парламент во Брисел, известувачот за Република Македонија, г.Зоран Талер, ја презентираше препораката од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија. Тој предложи Европарламентот да го повика Советот на министри да ја усвои препораката на Европската комисија за почеток на преговори за членство на Република Македонија во Европската унија.

Известувачот за нашата земја потенцираше дека е многу важно Македонија и Грција што побрзо да најдат заеднички прифатливо решение за името. Исто така, тој ја повика Република Македонија и соседните земји да придонесат за поголема политичка култура, разбирање и толеранција.

До 8 декември европратениците ќе поднесуваат амандмани, а Европарламентот ќе гласа за резолуцијата во јануари 2010 година.

Click