2009



27 ноември 2009 година

Декларација од Висби - Влијание за креирање на еУнија 2015

Во организација на Шведското претседателство на 10 ноември во Висби, Шведска, беше одржана Конференција посветена на Информатичкото општество, која имаше за цел да се покренат значајни прашања од идната ЕУ агенда во областа на Информатичките и комуникациските технологии (ИКТ).

На Конференцијата присуствуваа претставници на Европската комисија, земјите членки, земјите кандидати за членство во ЕУ и потенцијалните земји кандидати, како и претставници од индустријата и други заинтересирани страни.

Развојот на ИКТ, новите софтвери, услуги и развојот на интернетот продолжуваат да придонесуваат за одржлив економски раст, нови вработувања и развој на општеството на ЕУ. Интернетот треба да биде алатка на демократијата, да овозможува отворена дискусија и слобода на изразување во согласност со меѓународните стандарди во поглед на човековите права. Интернетот треба да биде клучна компонента во развојот на политиките, да обезбеди подобри услуги за граѓаните и да придонесе за развој на демократијата, медиумите и поефикасен бизнис.

Поставената цел на Европската унија е амбициозна - Европа како најдинамична економија во светот заснована врз конкурентни знаења преку користење на ИКТ и исполнување на одговорностите во однос на животната средина. За да се постигне оваа цел, треба да се пронајдат начини за унапредување на креативноста што ќе во иднина ќе генерира современи ИКТ услуги како и заложби за создавање на европски еко-систем.

Во иднина агендата на Европската унија во однос на прашањата за ИКТ ќе ги следи следниве области:  

  1. Потребата од интегриран и хоризонтален пристап кон ИКТ политиките,
  2. ЕУ мора да ги искористи придобивките од единствениот Европски дигитален пазар како можност за основање на бизнис.
  3. Предуслов за формирање на европско општество на знаење е сите корисници да имааат пристап до жични и безжични широкопојасни мрежни технологии.
  4. Земјите членки треба да го промовираат користењето на интенетот преку градење на вештини и поттикнување на професионална употреба на интернет во училиштата и на работните места.
  5. ЕУ треба да ги зајакне напорите за стимулирање на дигиталните технологии преку превземање на мерки за подигнување на социјалната вклученост во дигиталната технологија, преку информациите, образованието и засиленото учество.
  6. Поддршката на отворен интернет и воведување на транспарентни насоки за мрежната неутралност се важни за градењето на Европското општество на знаење.
  7. Со дополнително намалување на трансакциските трошоци, ИКТ ќе го одржуваат значителнио потенцијал за градење на единствен пазар на нови производи и услуги, што ќе придонесе во конкурентноста на европските бизниси.
  8. Земјите членки треба да го разгледаат системот на правото на интелектуална сопственост, да обезбедат балансирани решенија во интерес на корисниците на правата.
  9. ЕУ треба да воведе амбициозна агенда за истражување, развој и иновации, посветувајќи особено внимание на корисниците.
  10. Земјите членки и институциите треба да се движат кон создавање на лесно достапни податоци во отворен дигитален формат, во интерес на претприемништвото, истражувањето и транспарентноста.
  11. Пристапот и повторната употреба на информациите од јавниот сектор треба да се подобрат, директивите од оваа област треба да се прошират.
  12. Треба да се поттикнат отворени платформи за иновации и развојни услуги за јавна и комерцијална употреба.
    13. ИКТ има клучна улога во однос на подобрувањето на ефикасноста на јавниот сектор. Земјите членки треба да бараат начини за формирање на Е-здравство и Е-влади.
  13. Министерска декларација од Малме за Е-влада е важен темел за подобрената соработка и со цел да се зголеми потенцијалот и да се поддржи транзицијата на Е-влада во водечката економија, базирана на знаење.
  14. ЕУ мора итно да одговори на предизвиците од животната  средина преку пронаоѓање на „зелени решенија“ во ИКТ и надвор од сферата на ИКТ, преку мерки кои го вклучуваат транспортот, енергијата, индустриското производство, домувањето.
  15. „Зелената перспектива“ за политиката на ИКТ е неопходна, но не е доволна. Потребно е да се изврши проверка на нејзината примена и менаџирањето, преку ЕУ институциите во насока на унапредување, ефикасен развој и имплементација на политиките  за поддршка на европското општество базирано на знаење со „зелена перспектива“.
  16. Земјите членки треба да очекуваат и да бидат подготвени за структурни промени преку кои ќе треба да го оценат напредокот и да известат за поставените цели, како отворање на нови работни места и исполнување на целите поврзани со животната средина.
Click