2009



21 ноември 2009 година

Дваесетгодишнина од донесувањето на Конвенцијата за правата на децата

Во 1989 година Конвенцијата за правата на децата стана прва меѓународна правна и обрзувачка конвенција за афирмација на човековите права за сите деца.

По повод 20-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на децата, Претседателството на Европската унија уште еднаш ја потврди важноста на оваа Конвенција, која заедно со факултативните протоколи ги одредува стандардите за унапредување и заштита на правата на децата.

Конвенцијата за правата на децата претставува значаен документ кој фундаментално го промени ставот и начинот на размислување на меѓународната заедница, владите, невладините организации, за децата и нивните права.

Како и повеќето ратификувани меѓународни договори за човековите права, Конвенцијата ги претставува обврските за правата на децата од глобален аспект. Секое дете треба да ги ужива своите човекови права преку примената на заложбите на Конвенцијата.

Претседателството потенцира дека Европската унија е целосно посветена да се соочи со предизвиците и подготвена да работи со партнерите за исполнување на заедничките ветувања за подобра иднина на децата во светот.

Click