2009



Понеделник, 14 декември 2009 година

".eu" ИНТЕРНЕТ ДОМЕН ДОСТАПЕН НА СИТЕ ЈАЗИЦИ НА ЕУ

Од 10 декември 2009 година, сите граѓани на Европа, приватниот сектор и организациите, може да регистрираат „.eu“ веб-страни, користејќи ги знаците на сите 23 официјални јазици на Европската унија. Тоа значи дека при регистрацијата ќе може да се употребуваат и кирилични имиња, како на пример www.роуминг.eu, согласно со новите правила на ЕУ, усвоени од Комисијата во јуни 2009 година (IP/09/1044) .

Според европскиот комесар за информатичко општество, Вивиан Ридинг, интернационализирањето на називите на „.eu“ домените, претставува голем чекор напред за глобалниот и локалниот интернет. Многу корисници на интернет пристапуваат од држави кои не го употребуваат латиничното писмо. Промовирањето на (IDNs) меѓународните имиња на домени под „.eu“ ќе одговори уште повеќе на потребите за мултијазична и мултикултурна Европа.

Сè до денес, при регистрирањето на имињата на „.eu“ домените можеше да се користи само ограничена листа на карактери. Сега ќе може во целост да се регистрира низата на карактеристични знаци од различните официјални јазици во ЕУ.

Комисијата одлучи дека европскиот главен „.eu“ домен треба да понуди знаци, букви, цифри, интерпункции и сл. од сите официјални јазици на Европската унија. Граѓаните на Унијата, претпријатијата и организациите ќе имаат можност да регистрираат имиња на домени во нелатинични записи.

Мултијазичноста претставува многу важен аспект на ЕУ во процесот на регистрација на домените што започна во 2006 година. Правната рамка предвидува регистрацијата на имиња со „.eu“ домен и комуникацијата на одлуките во однос на регистрацијата да бидат достапни на сите официјални јазици на Заедницата.

Од денес па натаму, имињата во рамките на „.eu“ доменот ќе се користaт преку Меѓународните имиња на домени. Откако Интернет корпорацијата за кориснични имиња и броеви ќе ги одобри меѓународните имиња на доменот на „.eu“, ќе може во целост да се врши регистрирање на веб-адресите со посебен запис т.е. кодна адреса.

„.Еu“ претствува европски домен на највисоко ниво, воведен од страна на Унијата. Со него управува Европскиот регистар на интернет имиња на домени, EURid. Ова здружение е непрофитна организација на белгиски, чешки, италијански и словенечки регистри, кое започна со работа во 2005 година. До денес има повеќе од 3 милиони „.eu“ имиња на домени.

Click