Вторник, 24 ноември 2009 година, Сараево
Средба на делегацијата на Собранието на Република Македонија со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина
Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски и членовите г. Живко Пејковски, г. Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, која е во дводневна посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе оствари средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, г.Жељко Комшиќ, г. Харис Силајџиќ и г. Небојша Радмановиќ.
Исто така, делегацијата ќе има разговори и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, г. Свен Алкалај.