Собраниско раководство



Сабота, 7 ноември 2009 година

делегацијата НА Собранието на Република Македонија во Вашингтон остварИ средби со раководството на НДИ,  членови на Конгресот на САД,  претставници на македонската дијаспора, како и со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања

Свесни сме за тоа колкави успеси постигна македонскиот парламент во изминатиот период, што придонесе Македонија да се споменува како модел за парламентарен развој, истакна претседателот на НДИ на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко  Вељаноски и потпретседателот, г. Јани Макрадули. Од присутните беше изкажано заемно задоволство од досегашната соработка, како и волја истата да продолжи.

Претседателот Вељаноски во текот на денот се сретна и со конгресмените г. Бил Паскрел и г. Кристофер Смит, при што ја искористи можноста да ги запознае со последните случувања во Република Македонија, како и да им се заблагодари на досега искажаната поддршка. Граѓаните на Република Македонија се цврсто определени за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, што нам политичарите ни дава дополнителна одговорност и обврска да работиме се додека тој интегративен процес не ја достигне целта. Граѓаните на Република Македонија, особено ја ценат поддршката што САД ни ја укажаа во Букурешт и почитувањето може само да се продлабочи во иднина, рече претседателот Вељаноски.
Конгресмените Паскрел и Смит искажаа подготвеност за целосна поддршка на Република Македонија. Препознаен е напредокот кој го направи Македонија и може да биде добар пример како се постигнуваат резултати во нестабилен период, истака конгресменот Паскрел на средбата.

Делегацијата се сретна и со претставник на Стејт Департментот, главен заменик-помошник на секретарот на Бирото за европски и евроазиски прашања, г-ѓа Ненси Мек Елдонеј, која изрази задоволство од посетата и искажа признание за стратешката определба на Република Македонија за евроатлантското интегрирање. Направивте одлична работа за вашата држава, за нејзините граѓани и, во исто време, добивте вистински пријател. Сметајте дека вашите цели за вашата држава се и наши цели за вашата држава, истакна Мек Елдонеј.

Во рамките на посетата на САД, амбасадата на Република Македонија беше домаќин на средбата на делегацијата на Собранието на Република Македонија со претставници на Обединета македонска дијаспора.

Click