Собраниско раководство

Четврток, 5 ноември 2009 година

Делегација на Собранието на Република Македонија во Вашингтон оствари средба со сенаторот Џорџ Воинович и работен ручек со конгресмените Марк Саудер, Хери Мичел и Роберт Адерхолд

На средбата делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав е и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули,  со сенаторот г. Џорџ Воинович беше поздравен напредокот на Република Македонија, како и нејзината истрајност на патот на евроатлантските интеграции. Присутните на средбата го поделија мислењето дека стабилноста на регионот, односно интегрирањето на државите на Балканот е прашање за чие решавање сите треба да се заложат, од причина што истото е од огромно значење за државите, регионот, но и многу пошироко.

Сенаторот Воинович ја охрабри македонската делегација во истрајност при изнаоѓање на прифатливо решение за спорот со името со северниот сосед Грција, со што би се отстранила единствената пречка во процесот за влез на Република Македонија во евроатлантските институции, а истото би било и огромна придобивка за регионот во целост.

Македонската делегација оствари и работен ручек со конгресмените Марк Саудер, Хери Мичел и Роберт Адерхолт, при што конгресмените поттикнати од досегашниот напредок на Република Македонија искажаа подготвеност за целосна поддршка на нашата држава во рамките на евроатлантското интегрирање.

 

Click