Собраниско раководство



Среда, 2 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски денеска го прими министерот за надворешни работи на Чешката Република, г.Јан Кохут

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, го истакна континуираното продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави на сите нивоа. Во тие рамки е и соработката меѓу двата парламенти, така во мај имавме посета на претседателот на Чешкиот сенат, господинот Соботка, а секако и посетата на чешкиот премиер Тополанек на Македонија придонесува тие билатерални односи да имаат нагорен тренд.

Чешка како членка на ЕУ и НАТО, секогаш активно ја поддржува нашата определба за интегрирање во евроатлатнските структури што се покажа и во периодот на чешкото претседавање со ЕУ, во првата половина од  годинава, истакна претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски.  Како Собрание ние ја заокружуваме нашата агенда за донесување на потребните закони, со што ги  исполнуваме критериумите за добивање на датум за започнување на преговорите. Верувам дека Чешка и понатаму принципиелно ќе ја поддржува Република Македонија  во процесите на евроинтеграција. Посебно сакам да истакнам дека Македонија историски, културно и цивилизациски е дел на Европа, нејзиното интегрирање, како и на другите држави од регионот, ќе биде во корист  за нас, но и за Европа во целост, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Министерот за надворешни работи на Чешката Република, г.Јан Кохут, заблагодарувајќи се за приемот, истакна дека продлабочувањто на билатералните односи е во интерес на двете држави и тоа ќе продолжи и во иднина. Македонија во оваа година направи значајни чекори во евроинтегративните процеси. Чешка, како и досега, и понатаму принципиелно ќе ја поддржува Македонија во нејзината евроатланска определба, истакна министерот  за надворешни работи на Чешката Република, г.Јан Кохут.

Click