Собраниско раководство



Четврток, 3 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски,  го прими новоименуваниот амбасадор на Арапската Република Египет, Н.Е. г-ѓа Абдел Фатах Ахмед Фарах

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, оценувајќи ги односите како многу добри, истакна дека во иднина посебно внимание треба да се посвети на економската соработка која заостанува зад политичките односи. Тука верувам дека можеме многу да сториме, бидејќи економската соработка посебно во повисоки форми е во интерес на двете држави. Во тие рамки на соработка секако посебно место има парламентарната соработка. Во собранието имаме формирано група за соработка со државите од Блискиот и Среден Исток, а верувам дека преку оваа група, како и преку другите собраниски тела, можеме таа соработка да ја интензивираме, а во тие рамки претседателот Вељаноски упати покана до претседателот на Египетскиот парламент да ја посети Република Македонија.

Новоименуваниот амбасадор, Н.Е. Г-ѓа Олфат Абдел Фатах Ахмед Фарак, изразувајќи благодарност за поканата упатена до претседателот на Парламентот на Египет, исто така ја посочи економската соработка, како поле на кое треба да се посвети поголемо внимание. Верувам дека тука можеме многу да сториме, бидејќи тоа е во интерес на економиите на двете држави.

Click