Собраниско раководство



Среда, 4 ноември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, присуствуваше на обраќањето на германскиот канцелар Меркел во Конгресот на САД и се сретна со спикерот на Претставничкиот дом Пелоси

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски имаше ретка можност да го проследи обраќањето на германскиот канцелар, г-ѓа Ангела Меркел во Конгресот на САД.

На отварањето на Светската е-Парламент конференција 2009 во Вашингтон, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со претседателката на Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Ненси Пелоси, која во чест на претседателите на парламенти-учесници на Конференцијата приреди прием во нејзиниот кабинет.

„Подарокот го примам во името на народот на Америка“, рече спикерот Пелоси, примајќи го подарокот од македонската делегација, копија на златната огрлица од VI век, пронајдена кај Требеништа, Охридско. 

Click