Собраниско раководство



Среда, 25 ноември 2009 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, со новоименуваниот  амбасадор на државата Израел  за Република Македонија, Н.Е. Давид Коен 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Државата Израел за Република Македонија Н.Е.Давид Коен. 

На средбата, претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи, кои бележат нагорен тренд, за што говорат и бројните средби на високо ниво меѓу двете земји. Притоа, тој изрази надеж дека оваа зачестена комуникација и соработка со претставници на Државата Израел ќе продолжи и понатаму. 

„Оваа соработка за нас како држава е доста значајна, а тоа се гледа и со чинот на отворање на резидентна амбасада и именување на амбасадор на Република Македонија во Израел”, потенцираше претседателот Вељаноски.

Н.Е. амбасадорот Давид Коен се заблагодари на приемот и истакна дека неговата заложба и приоритет за време на неговиот мандат како амбасадор ќе биде поинтензивна. 

Амбасадорот Коен изрази задоволство од воспоставените пријателски односи меѓу Република Македонија и Израел и упати посебна благодарност до нашата држава за поддршката околу изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.

 

 

 

 

 

Click