Собраниско раководство



Среда, 14 октомври 2009

Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот на Естонија г.Томас Хендрик Илвес

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот на Република Естонија, г. Томас Хендрик Илвес, при што посебно ја истакна соработката меѓу парламентите на двете пријателски држави. Во Собранието на Република Македонија имаме група за соработка со Република Естонија која веќе има воспоставено редовна соработка со колегите од естонскиот парламент, изјави претседателот Вељаноски.

Осврнувајќи се на евроинтеграциските процеси претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски истакна дека очекува по извештајот на Европската комисија,  Министерскиот совет во декември да го одреди датумот за отпочнување на преговорите. Притоа сакам да истакнам дека во тие процеси, билатералните спорови не можат да бидат критериум или пречка. Денеска овие интегративни процеси не може никој да ги запре, но може да ги забави, а тоа  не е добро ниту за нас, ниту за регионот, ниту за ЕУ, подвлече претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.  Затоа очекувам како и досега Република Естонија принципиелно да ја поддржува Република Македонија, а  во исто време токму во тие процеси на преговори, соработката меѓу двата парламента може да се интензивира, бидејќи вашето искуство секако ќе ни биде корисно.  

Претседателот на Република Естонија, г. Томас Хендрик Илвес истакнувајќи го напредокот и резултатите на Република Македонија во процесот на интегрирање во ЕУ, истакна дека без разлика на географската оддалеченост, двете држави имаат високо развиени односи, бидејќи споделуваат исти вредности и принципи. Затоа се надевам дека Република Македонија многу брзо ќе го заземе своето заслужено место на членка на НАТО, бидејќи тоа е во интерес на Република Македонија, на регионот, но и на Европа во целина. Вие ги исполнивте критериумите и одредниците, затоа и треба да добиете датум за отпочнување на преговори. Поаѓајќи од нашето искуство, сакам да истакнам дека преговорите не се лесни, но во исто време сакам да подвлечам дека нашата поддршка и понатаму ќе ја имате, истакна претседателот на Република Естонија, г. Томас Хендрик Илвес.

Click