Собраниско раководство

Петок, 27 ноември 2009 година

Средби на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваните амбасадори на Француската Република Н.Е Жан-Клод Шлумберже и на Република Перу Н.Е. Ернесто Ритлер

Претседателот на Собранито на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Македонија, Н.Е Жан-Клод Шлумберже.

На средбата, претседателот на Собранието ги истакна пријателските односи и високоразвиената соработка помеѓу двете држави и тоа на сите нивоа и во сите области. „Поаѓајќи од принципиелната поддршка која Франција ја дава на Република Македонија во остварувањето на нашите стратешки цели, евроатлантските интеграции, верувам дека сега кога Република Македонија треба да го добие датумот за отпочнување на преговорите, таа поддршка ќе ја добиеме“, истакна претседателот Вељаноски.

Амбасадорот Жан-Клод Шлумберже истакна дека двете држави имаат воспоставено и негуваат пријателски односи.

„Франција високо го цени придонесот на Република Македонија во стабилноста на регионот. Токму затоа, сакам да се изнајде заедничко прифатливо решение за името, а со тоа и интензивирање на интегративните процеси во ЕУ и НАТО. Исто така, Франција е подготвена да учествува и да помогне во реализација на европските проекти наменети за Македонија“, изјави францускиот амбасадор.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на Република Перу за Република Македонија, Н.Е. Ернесто Пинто-Базурко Ритлер.

На средбата, претседателот Вељаноски нагласи дека воспоставувањето на парламентарна соработка ќе биде од големо значење и за севкупните односи меѓу двете земји и се надева дека и покрај географската далечина двете земји во иднина ќе воспостават поблиска комуникација.

Амбасадорот на Перу искажа задоволство од пријателските односи помеѓу двете држави и затоа е потребно таа соработка да се развива. Во исто време тој нагласи дека Република Перу ја поддржува во целост Република Македонија на меѓународен план како и по прашањето на уставното име.
Click