Собраниско раководство



Среда, 27 мај 2009 година

Средба на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски со претставници на Власите

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски прими делегација на Лигата на Власите и на Унијата за култура на Власите од Македонија.

На средбата гостите го запознаа претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, со нивната активност во насока на афирмирање на културниот, општествениот и политичкиот статус на Власите во земјава. Тие го изнесоа ставот дека во Собранието е потребно да се овозможи поголема застапеност и на помалите етнички заедници, со што и Власите би имале повеќе застапници  во оваа институција.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, ги повика гостите да ги испратат предлозите до Собранието, кои потоа ќе бидат доставени до пратениците и заедно со пратениците од влашката националност да се продискутира за сите проблематики кои се наметнуваат и нивно решавање.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, истакна подоготвеност за соработка и помош од страна на Собранието на Република Македонија во рамките на своите надлежности и ингеренции.





 


 

Click