Собраниско раководство



Понеделник, 23 ноември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски во официјална посета на Босна и Херцеговина

Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски, заедно со г.Живко Пејкоски, г.Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, од денеска е во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Во текот на посетата претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски и членовите на нашата делегација ќе имаат средби и разговори со претседателите на двата дома на Собранието на Босна и Херцеговина, г.Милорад Живковиќ и г.Сулејман Тихиќ.

Исто така, претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски, ќе има средба со членовите на претседателството на Босна и Херцеговина, г.Жељко Комшиќ, г.Харис Силајџиќ и г.Небојша Радмановиќ и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, г.Свен Алкалај.

Click