Собраниско раководство



Среда, 20 мај 2009 година

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски денеска се сретна со пратеници на германскиот Бундестаг, г.Валтер Колбо, координатор на пратеничката група на германските социјалдемократи и г.Андреас Лемел пратеник од Демохристијанската партија

На средбата најголемо внимание беше посветено на соработката помеѓу парламентите на двете држави. Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски соработката ја оцени како многу добра. Тој истакна дека соработката се одвива преку најразлични форми и содржини и дека е во функција како во натамошниот развој на целокупните билатерални односи меѓу двете држави, така и во јакнење на демократските капацитети на Собранието.

Осврнувајќи се врз процесите на интеграција во евроатлантските структури, претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски истакна дека Македонија ги исполнила сите услови за добивање на визна либерализација и очекува до крајот на годинава да добие и датум за отпочнување на преговори за членство во Европската унија.

Напредокот на Република Македонија е евидентен, истакнаа германските парламентарци, што се гледа и преку најновиот извештај на Европаката комисија. Тие во целост го поддржуваат нашето барање за целосна визна либерализација за нашите граѓани.

Click