2010



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Десетта Конференција на Страните на Конвенцијата за биолошки диверзитет

Во рамките на одбележувањето на Меѓународната година на биодиверзитет, во Нагоја, Јапонија од 18 до 29 октомври 2010 година, Конвенцијата за биолошки диверзитет (CBD) ја одржа Десеттата Конференција. На Конференцијата учествуваа повеќе од 10.000 претставници од 192 земји како и од Европската унија. Целта на Конференцијата е да се постават нови цели за заштита и одржливо користење на биодиверзитетот за наредните 10 години, и да се развие визијата за 2050.
 
Конвенцијата за биодиверзитет е формирана во 1992 година после Самитот во Рио, со цел да се обезбеди заштита и одржлива употреба на биолошката разновидност. Трите цели: екологија, општество и економија, претставуваат три столба на Конвенцијата. Досега, 193 страни вклучително и Европската унија, ја потпишаа Конвенцијата. Во 2002 година земјите се обврзаа за намалување на стапката на загуба на биодиверзитетот до 2010 година. На Kонференцијата на страните (COP10), сите 193 членови повторно се состануваат за да поднесат извештај за постигнатиот напредокот и да се донесат важни одлуки за управувањето со глобалниот биодиверзитет во иднина.

Во Нагоја се разгледуваат бројни прашања кои се однесуваат на:  интеракција помеѓу биолошката разновидност и климатските промени, биогоривата, соработката меѓу конвенциите, морскиот и крајбрежниот биодиверзитет, одржливо користење, заштитени резервати, буџетот и др. Поголем акцент ќе биде ставен на развојот на целите до 2010 и новиот стратешки план. Еден месец пред Kонференцијата на страните, шефовите на држави или влади, за прв пат досега, дискутираа за кризата со биодиверзитетот на Генералното собрание на Обединетите нации  во Њујорк.

Се очекуваат и одредени заклучоци во врска со преговорите за  воспоставување  на меѓународен систем за пристап и размена на придобивките. Најверојатно овој систем ќе биде во форма на протокол за консолидирање на третиот економски столб на Конвенцијата за биодиверзитет.

Самитот беше затворен со донесувањето на историски одлуки кои се однесуваа на заштита на биодиверзитетот. Претставниците се согласија за пакетот на мерки со кои ќе се обезбеди дека екосистемите на планетата и понатаму ќе бидат корисни за човечкото постоење. Учесниците на средбата се согласија дека поставените цели се исполнети, во таа насока се усвои и нов десетогодишен план според кој ќе бидат насочени меѓународните и националните напори за заштита на биодиверзитетот. Планот опфаќа засилени акции со цел да се исполнат целите на Конвенцијата за биодиверзитет, стратегија за мобилизација на ресурсите, како и нов меѓународен протокол за пристап и користење на придобивките од употребата за генетски ресурси од планетата.

За значењето на постигнатиот договор, Ахмет Џоглаф, извршен секретар на Конвенцијата истакна дека историјата ќе забележи дека во Нагоја се роди нова ера на живеењето во хармонија и се воспостави нов глобален сојуз за заштита на животот на земјата. Тој додаде дека "ако Кјото влезе во историјата како град во кој се склучи договорот за климатските промени, тогаш Нагоја ќе биде запаметена како град во кој се постигна согласност за биолошката разновидност".

Помеѓу поважните донесени заклучоци се и согласноста на учесниците дека загубата на природните богатства треба да се биде доведе до минимум, да се воспостави цел од 17% на земјени и внатрешни водни површини и 10% од марински и крајбрежни области, конзервација и реставрација од најмалку 15% од загадените области и специјални мерки за намалување на притисокот од влијанието на коралните гребени. 

Click