2010



Петок, 10 септември 2010

Европска недела на мобилност

Европската недела на мобилност, која се организира од 2002 година, ќе се одржи и годинава од 16 до 22 септември. Целта на кампањата е подигнување на свеста на граѓаните за потребата да се дејствува против загадувањето предизвикано од зголемувањето на сообраќајот во урбаните средини и поттикнување да ги променат навиките за индивидуален транспорт, односно да се пренасочат кон алтернативни начини на превоз кои помалку или воопшто не предизвикуваат загадување на околината.

Овогодинешната кампања под мотото „Патувај поумно - живеј подобро“ е со цел да се охрабрат локалните власти за промовирање на одржливо патување (велосипед, пешачење, јавен транспорт и др.) и да се истакне позитивното влијание од овој вид на превоз врз јавното здравје. Се очекува повеќе од 200 милиони луѓе од цела Европа и пошироко да учествуваат во овој глобален настан посветен на користење нa алтернативен урбан превоз.

Европската недела на мобилност е координирана од три невладини организации специјализирани за прашања од областа на урбаната животна средина. Директоратот за животна средина на Европската комисија обезбедува финансиска поддршка и организира доделување на годишни награди за најдобрите програми, активности и мерки од Европската недела на мобилност.

Повеќе информации на следниот линк:
www.mobilityweek.eu

Click