2010



Понеделник, 29 ноември 2010 година

Извештај за вработеноста во Европа за 2010

Европскиот комесар за вработување, социјални работи и инклузија, г. Лазло Андор, на 25 ноември оваа година, го презентираше Годишниот извештај за вработеноста во Европа. Во Извештајот за 2010 година даден е сеопфатен преглед на динамиката на вработувања во ЕУ за текот на кризата, анализа на преземените мерки на пазарот на труд од страна на земјите-членки и проценка на можностите за зајакнување на мерките. Во Извештајот се анализирани ефектите од привремените и постојаните договори за вработување, особено во однос на младите луѓе.

Повеќето од неодамна имплементираните мерки за заздравување од кризата можат да бидат применливи привремено, нивниот успех е неизвесен доколку структурните пречки не се адресираат од повеќето земји-членки.

Извештајот за вработеноста во Европа претставува главна алатка за анализа на достигнувањата во вработеноста и развојот на пазарот на трудот во ЕУ, како и за земјите кои пристапуваат во ЕУ и земјите-кандидати. Извештајот обезбедува основни аналитички и статистички податоци за други важни документи и клучни инструменти од Европската стратегија за вработување.

Ваков извештај се изготвува од 1989 година, од Одделението за анализа на вработеноста при Генералниот директорат за вработувања, социјални прашања и еднакви можности на Европската комисија, во соработка со Еуростат.

Click