2010



Вторник, 14 декември 2010 година

Конференција на Обединетите нации посветена на климатските промени

Од 29 ноември до 10 декември оваа година во Канкун, Мексико се одржа Конференција на ОН за климатските промени. На крајот на конференцијата, на 11 декември беше донесен балансиран пакет на одлуки со кои владите ја зацврстуваат определбата за пониски емисии на јаглерод во иднина како и поддршка за засилено дејствување кон климатските промени во светот.

Обединетите нации промовираа иницијативи и институции за заштита на сиромашните земји од климатските промени, за развивање на средства и технологии кои земјите во развој треба да ги планираат и градат за нивна одржлива иднина. ОН постигнаа согласност за конкретно дејствување за заштита на шумите на земјите во развој.

Во елементите од постигнатите договори во Канкун е вклучено следното:

  1. Целите на индустриските земји се признати во рамките на мултилатералниот процес, овие земји треба да развиваат ниско јаглеродни развојни планови и стратегии, да проценат како на најдобар начин ќе ги исполнат истите, вклучувајќи ги пазарните механизми и известување за евиденцијата на годишно ниво.
  2. Акциите за намалување на емисиите на земјите во развој официјално се признати во рамките на мултилатералниот процес. Треба да се воспостави регистар за евиденција на олеснителните постапки на земјите во развој за финансирање и технолошка поддршка од страна на индустриските земји, Земјите во развој треба да објавуваат извештаи за напредокот на две години.
  3. Договорните страни во рамките на Протоколот од Кјото се согласуваат за продолжување на преговорите со цел да се финализираат работите и да се обезбеди континуитет на обврските помеѓу првиот и вториот период од договорот.
  4. Механизмите за чист развој од Кјото Протоколот се зајакнуваат со цел да се привлечат поголеми инвестиции и технологија во еколошка насока и одржливи проекти за намалување на емисиите кај земјите во развој.
  5. Договорните страни започнаа иницијативи за заштита на ранливите групи од климатските промени и за распределба на средства и технологии кои треба да ги планираат земјите во развој за градење на одржлива иднина.
  6. Средства во износ од 30 милијарди долари за брзо финансирање од индустриските земји за поддршка на климатските активности на земјите во развој до 2012 година, со интенција да достигнат до 100 милијарди долари како долгорочни средства до 2020 година.
  7. Во областа на климатското финансирање, утврден е процес на креирање на климатски зелен фонд во рамките на договорените страни на Конференцијата со подеднаква застапеност на развиените и земјите во развој.
  8. Новата "Рамка за прилагодување од Канкун" e формирана за да овозможи подобро планирање и примена на проекти во земјите во развој преку зголемена финансиска и техничка поддршка.
  9. Владите се согласуваат да се зајакне дејствувањето за намалување на емисиите и уништувањето на шумите во земјите во развој преку технолошка и финансиска поддршка.
  10. Се воспоставува техолошки механизам преку Технолошко-извршна комисија, климатско-технолошки центар и мрежа за зголемување на соработката како поддршка на акцијата за прилагодување.

Следната конференција е планирана да се одржи од 28 ноември до 9 декември 2011 година во Јужна Африка.

Click