Активности



Петок, 29 јануари 2010

Триесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва (второ читање) .

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва.

 

Click