Активности



Четврток, 18 ноември 2010 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 46. седница, одржана на 11 ноември 2010 година и на денешното прво продолжение од 46. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и г. Климе Дамчевски, претставник од истото министерство.

Господинот Ивановски ја објасни потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со него. Тој посебно ја нагласи потребата за донесување на овој закон од аспект на хармонизација и усогласување на домашното со европското законодавство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пристапи кон изменување и дополнување на одредени одредби од законот заради негово успешно имплементирање, промена во дефинициите на одредени поими и измени во номо-техничко подобрување на текстот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците г. Васко Шутаров и г. Никола Ќуркчиев.

По завршување на расправата, Комисијата едногласно го усвои следниот ЗАКЛУЧОК:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање), од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.
Click