Активности



Понеделник, 8 ноември 2010 година

Педесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 5 ноември 2010 година ја одржа својата Педесет и прва седница, на која како матично работно тело разгледа три Предлог-закони.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, заменик-претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи и го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Образложение на Предлог-законот даде претставникот на предлагачот, министерот за економија, д-р Фатмир Бесими. Тој истакна дека целта на предложениот закон е воведување реформи во јавната администрација и усогласување со Законот за државни службеници.

Предложените измени на законот ги содржат следните решенија:

  • се укинува надлежноста на Управниот одбор на Агенцијата во врска со донесувањето на општите акти за организација и систематизација на работењето на Агенцијата и истата преминува во надлежност на Директорот на Агенцијата;
  • се менува статусот на постојано вработените во Агенцијата, односно правата и обврските на вработените ќе бидат регулирани согласно Законот за државни службеници, наместо досегашниот Закон за работни односи.

По завршувањето на расправата, Комисијата едногласно заклучи дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

- По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони беа поднесени вкупно 6 амандмани, од кои 5 беа усвоени со мнозинство гласови, а еден не беше усвоен.

Комисијата со мнозинство на гласови заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- Образложение на Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година даде претставникот на предлагачот, г-ѓа Верица Проковиќ, раководител на сектор во Министерството за финансии.

Таа истакна дека планираните приходи на консолидираниот буџет эа 2011 година иэнесуваат 147 милијарди денари, додека расходите се проектирани на 159 милијарди денари. Вака планираните приходи и расходи ќе резултираат со низок и контролиран дефицит од 2,5% од планираниот БДП.

Во рамките на трансферите, предвидени се средства эа редовна и навремена исплата на пензии, надоместоци эа невработени лица, здравствени услуги како и исплата на социјални надоместоци.

Расходите за субвенции и трансфери вклучуваат зголемен износ на субвенции во земјоделието эа 15 милиони евра на ниво од 115 милиони евра, како и средства за  исплата на ученичките и студентските стипендии, поддршка на мали и средни претпријатија и обезбедување на државна помош за инвеститорите во индустриските развојни зони.

Капиталните расходи се предвидени да иэнесуваат 22.854 милиони денари, што е эа 5.158 милиони денари повеќе во однос на 2010 година.

Во овие рамки планирани се инвестиции: во областа на транспортот - изградба на водоснабдителни и канализациони системи во повеќе населени места, изградба на каскадни прегради на реката Вардар; во областа на здравството - изградба и реконструкција на јавни здравствени установи и амбуланти во рурални средини, набавка на медицинска опрема, имплементација на интегриран здравствен систем и изградба на дијагностички центар во Тетово; во областа на образованието - изградба и реконструкција на основни и средни училишта, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите; во областа на социјалната и детската заштита -  реконструкција и изградба на детски градинки и социјални институции, за доуредување на технолошко индустриски зони, продолжување на започнатите проекти во културата изградба на театри, музеи, спортски објекти преку Агенцијата эа млади и спорт итн.

Финансиските средства эа проектираниот дефицит од 2,5% и отплатата на долговите кон странство главно ќе се обезбедат со кредити од меѓународните финансиски институции, кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти, како и од друго задолжување од странство.

Образложение на Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година во разделот на Министерството за економија, даде министерот за економија, д-р Фатмир Бесими.

Тој истакна дека во однос на 2010 година во разделот на Министерството за економија, Буџетот е помал за 3,7 %. Од вкупно одобрениот Буџет за 2011 година, во Министерството за економија во делот на субвенции и трансфери предвидени се 38,7% повеќе во однос на 2010 година.

Во однос на капиталните расходи, исто така предвидено е зголемување за 4,5% во однос на 2010 година, а тука се вклучени и подмирувањата на каматите врз основа на проектите од Светска банка.

Во разделот на Министерството за економија, влегува и Буџетот на технолошко-индустриските развојни зони со 309 милиони денари, што претставува 37,8% од вкупниот Буџет на министерството.

Министерот за економија потенцираше дека предвидени се средства за субвенционирање на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, конкретно сончеви колектори за домаќинствата во износ од 6 милиони денари.

Во програмата на туризмот, предвидени се средства за субвенционирање, конкретно на тур-операторите задолжени за привлекување на странски туристи.

По завршувањето на расправата, Комисијата за економски прашања со мнозинство гласови заклучи Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија и извештајот од седницата да го достави до Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело.

Click