Активности



Вторник, 7 декември 2010 година

Осумдесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и шестата седница, одржана на 6 декември 2010 година, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување на Законот за денационализација (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (второ читање).

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка беше поднесен амандман на член 5 од пратеникот г-ѓа Владанка Авировиќ.

Комисијата со седум гласа „за" го усвои овој амандман.

Комисијата со шест гласа „за“ и три „против“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка.

Со оглед на тоа што по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход не беа поднесени амандмани, Комисијата со седум гласа „за“ и три „против“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.

На  Предлогот на закон за изменување на Законот за денационализација поднесен од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеникот г-ѓа Флора Кадриу, беше поднесен амандманот за бришење на член 1.

Комисијата со три гласа „за"  и пет „против" не го усвои овој амандман.

Комисијата со пет гласа „за“ и три „против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го донесе Законот за изменување  на Законот за денационализација.

По Предлог-законот не беа поднесени амандмани и Комисијата  со пет гласа „за“ и три „против“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Click