Активности



Петок, 17 декември 2010  година

Датумот за членство на Македонија во ЕУ ќе се дискутира за време на унгарското претседателство

Пристапните преговори за  добивање на датум за членство на Македонија во Европската унија ќе се дискутираат за време на унгарското претседателство со Унијата, кое почнува од 1 јануари 2011 година, беше заклучено на вториот ден од Самитот на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, за време на кој Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во ЕУ.

Со ова, шефовите на држави и влади на ЕУ само го прифатија заклучокот на Министерскиот совет од 14 декември.

„Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати“, стои во заклучокот.

Од Македонија се бара да продолжи со реформите во судството, јавната администрација, спроведувањето на Охридскиот договор, со борбата против корупцијата, да направи напредок во однос на политичкиот дијалог, слободата на изразување и бизнис климата.

Click